Ќе се отстранува Зимзоленд – две недели работел без ниту една дозвола!

t

Општина Аеродром ќе го демонтира Божиќниот базар „Зимзоленд“, откако речиси две недели работи без никаква дозвола и без потребната документација. Ова за Телма го потврдија од општината, кои по вчерашните изјави дека се ненадлежни, денес признаа дека организаторите немале ниту еден валиден документ и дека ќе бидат преземени мерки за отстранување на поставената опрема, пренесува 4Њуз.

Според општината, вчера попладне бил спроведен вонреден заеднички инспекциски надзор на локацијата. Во контролата учествувале Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување.

„Градежниот инспектор изврши увид и отпочна постапка согласно Законот за градење, Законот за инспекциски надзор и Законот за општа управна постапка, со цел да се отстрани поставената опрема“, информираат од Општина Аеродром.

Пазарниот инспекторат утврдил и дополнителни неправилности. При контролата биле затекнати лица кои вршеле нерегистрирана дејност, поради што ќе бидат соодветно казнети. Воедно, од сопствениците на базарот е побарано да ја достават целата потребна документација, вклучително и податоци за тоа кој управува со манифестацијата.

И Агенцијата за храна и ветеринарство констатирала сериозни прекршувања. Организаторот не бил регистриран како оператор со храна и воопшто не ја известил Агенцијата дека ќе се продава храна. Поради неисполнети хигиенски услови, изречени се парични казни и забрана за вршење дејност.

„Поради неисполнување на основни хигиенски услови, АХВ изрече мерки за секој штанд – и за физичките, и за правните лица – како и за правното лице организатор на ‘Зимзоленд’. Организаторот доби парична казна од 500 евра и временска забрана за производство и промет на храна“, соопшти АХВ.

Во меѓувреме, МВР интервенирало поради сообраќајниот хаос што го создава дивиот луна-парк во Ново Лисиче.

„На улицата ‘Тодор Чангов’ изречени се 12 мерки за непрописно паркирани возила, а контролите ќе продолжат и во наредните денови“, соопштија од МВР.

Додека празничните светилки привлекуваат многу посетители, институциите дури сега започнуваат да расчистуваат како „Зимзоленд“ функционирал две недели без никаква дозвола: од нерегистрирана дејност и хигиенски пропусти, до отсуство на било каква документација за манифестација што секојдневно привлекува илјадници луѓе. Граѓаните реагираа, а Телма побара одговори за тоа кој, каде и под кои услови поставил реквизити на кои се возат и деца.

Извор: 4Њуз

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се отстранува Зимзоленд – две недели…

Општина Аеродром ќе го демонтира Божиќниот базар…

ДУИ: Го осудуваме насилниот инцидент што се…

Демократската унија за интеграција ја изразува својата…

Хаос во мигрантскиот камп Табановце во Македонија:…

Инфомакс екслузивно дознава дека поголема група на…

СДСМ: (Документ) Еве ја Резолуцијата, ќе ја…

ДПМНЕ се прави глува и не одговара…

ОЈО бара притвор за насилникот кој упадна…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…