ДУИ: Го осудуваме насилниот инцидент што се случи во редакцијата на порталот „Инфомакс“, каде непознато лице упадна за време на директното емитување!

t

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на порталот „Инфомакс“, каде непознато лице упадна за време на директното емитување. Ваквите постапки сериозно ја нарушуваат демократската атмосфера во земјата и ги поткопуваат заедничките напори за градење отворено и одговорно општество.

Како партија чија ориентација се темели врз европските вредности и стандарди, ДУИ потенцира дека безбедноста на новинарите и независноста на медиумите претставуваат столбови на секоја функционална демократија. Секој обид за заплашување, притисок или насилство врз медиумите е неприфатлив и треба да биде третиран со висок приоритет од надлежните институции.

Ги повикуваме надлежните органи да преземат брзи и непристрасни мерки за целосно расчистување на случајот и за обезбедување мирни и безбедни услови за работа на медиумската заедница. Само преку заштита на слободата на изразување и гарантирање на демократскиот поредок можеме да напредуваме кон стандардите кон кои тежнееме како држава.

ДУИ останува посветена на одржување на мирна, одговорна и европски ориентирана политичка и општествена средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски воен сателит опасно се приближил до…

Руски воен сателит се приближил на околу…

ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…

Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…

СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…

Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…

(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…

По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…

Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…