Објавено на:

„Ќе си пykaaт во нога“: Зakaната на Бајден место Русија, ќе ја yништи Америка

t

Доколку се остварат заканите на американскиот претседател Џозеф Бајден, кои предвидуваат забрана на руските банки да користат долари, тоа би било „самоубиство“ за американската економија, силен удар за Европа, додека Русија би преживеала, сметаат руските експерти.
Коментирајќи ја заканата на Бајден дека САД подготвуваат санкции за Русија како што Владимир Путин никогаш не видел и дека Москва ќе ја плати цената доколку Русија ја нападне Украина, руските политичари оценуваат дека Бајден го користи доларот како оружје за санкции, што создава тензии во целиот економски свет, а тоа би можело да ја забрза потрагата по алтернатива на американската валута која веќе е во тек. Како резултат на тоа, доларот ќе биде сериозно разнишан како светска валута.
Руските економисти проценуваат дека забраната на доларот – ако воопшто се случи – нема да има катастрофални последици за Русија. Шефот на Аналитичкиот центар за финансиски истражувања на НИФИ на руското Министерство за финансии, доктор по економија Игор Варјас, смета дека ваквите санкции само ќе ја поттикнат Русија побрзо да се префрли на други валути. Во исто време, таквите санкции би задале посилен удар на Америка отколку на Русија.
„Самите се оддалечуваме од доларот, а тие само ќе ни помогнат да го направиме тоа побрзо. Освен тоа, САД сигурно ќе загубат од ова. За неколку милијарди долари, на Америка продаваме ракетни мотори, храна, па дури и нафта и гас, а плаќањата се вршат во долари. И тогаш што ќе прават? Во време на енергетска криза во многу продавници ќе има празни полици. Таму и онака веќе се чувствува кризата, па ако престанат да соработуваат со Москва, сигурно нема да им биде подобро. Ќе си пукаат во нога“, смета Варјаш.

Рускиот експерт Игор Николаев истакнува дека ваквите антируски мерки нема да го запрат рускиот финансиски систем, бидејќи доколку се забрани употребата на доларот, тој може да се префрли на еврото.
„Значаен дел од нашето работење се одвива во долари и оди преку американски банки, така што постои можност да бидат воведени соодветни санкции. Тоа ќе бидат дополнителни трошоци за руската страна, но не и критични. Ќе има ограничувања за финансиските трансакции, но тие сепак ќе можат да се вршат. Ова ќе бара посреднички операции или ќе се постигне договор за префрлување на други валути. Ќе има трошоци, бидејќи ќе треба да се прават дополнителни трансакции, но финансискиот систем нема да запре“, смета Николајев.
Експертите забележуваат дека веќе има земји во светот кои не го користат доларот во трансакции со странски земји и посочуваат дека Америка нема моќ целосно да ги забрани трансакциите во таа валута. Тоа го покажа практиката на воведување санкции кон Иран, кога трансакциите преку американските банки беа целосно забранети. Сепак, Иран вршеше трансакции со помош на девизи преку банки од трети земји, иако по одредена цена. Така, целосната изолација на Иран не успеа.

На пример, Иран и Русија престанаа да го користат доларот во меѓусебните порамнувања и се префрлија на националните валути, а во случај на итност – на еврото. Затоа, експертите заклучуваат дека е невозможно целосно да се блокираат трансакциите во долари, бидејќи за да се направи тоа, Американците треба да ги принудат сите земји да се откажат од таквите спогодби со Русија, а не сите земји се подготвени да дејствуваат на штета на нивната интереси.

Има и мислења дека забраната на доларот може да доведе до создавање на нова криптовалута меѓу Русија и ЕУ.

Сепак, повеќето руски аналитичари сметаат дека заканата на Бајден веројатно нема да се оствари поради неколку причини. Прво, затоа што тоа би било удар за американската економија. Второ, поради поврзаноста на доларските трансакции со извозот на важни руски стоки во Европа, пред се енергија. Европа нема да се откаже од рускиот гас и нема да се согласи да замрзне, а тоа може да ги наруши односите меѓу САД и нивните европски сојузници.
Експертите наведуваат дека руските испораки сочинуваат една третина од целиот гас во Европа и тие треба да бидат прекинати во случај на воведување санкции, бидејќи традиционалното плаќање за таквата стока се врши во долари. Со оглед на брзината со која европските земји се префрлаат на обновливи извори на енергија, јасно е дека рускиот гас нема алтернатива во Европа.

Тоа го поткрепува и изјавата на норвешкиот премиер, кој рече дека во случај да се прекине снабдувањето со руски гас за Германија, Норвешка нема да може да го замени, бидејќи таа земја нема резерви што би можеле да го надоместат дефицитот.
Второ, тоа е прашање на доверба и исплатливост. Големите светски сили, како Кина, би се откажале од доларот, бидејќи би се поставило прашањето за профитабилноста на инвестирањето во таа валута доколку нивните банки во секој момент ја изгубат можноста да работат со неа.
Поради сето тоа, смета Москва, американската економија не може да си дозволи такви антируски санкции.
Изразувајќи ги своите закани, Бајден исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин е пред избор: деескалација и политика или конфронтација и последици. Сепак, тој е сигурен дека Путин не сака војна.
Кремљ предупреди дека заканите на Бајден до Русија ги поттикнуваат вжештените глави во Киев на нова граѓанска војна и дека тие на никаков начин не придонесуваат за намалување на тензиите што сега се појавија во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…