Ќе скокне ли цената на горивата поради случувањата на Блискиот Исток?

t

Ситуацијата на Блискиот Исток ја поскапе нафтата на светките берзи, а претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски за ТВ Телма вели дека следната недела ќе има појасна слика што ќе се случува со цените на горивата, но не очекува денеска да има сериозно поскапување.

А дали тоа би се случило понатаму, ќе зависи од тоа каква ќе биде состојбата со Израел и Иран во следните неколку дена.

Јас очекувам, ако оваа ескалација се зголеми, сировата нафта да отиде и над 100 долари, но тоа се случувања на кои никој не може да влијае. Не верувам дека ќе има драматични промени, големи. Но, клучна ќе биде следната недела што ни претстои, имајќи предвид дека и во Русија се погодени неколку рафинерии кои произведуваат дизел кои имаат осум до девет проценти во вкупната потрошувачката во Европа. Така да следната недела ќе биде клучна, во која насока ќе се движат цените на нафтените деривати, смета Бислимоски.

Познавачите на оваа проблематика предупредуваат дека пред нас е нов ценовен шок ако продолжи овој раст.

Aко остане оваа цена подолго време како што е, 90 долари за барел, иако има некои прогнози дека може да оди и до 100 долари за барел, тоа би можело да предизвика нови инфлаторни притисоци, но тоа глобално, вели Бојан Цветковски – претседател на АЦИ Македонија.

Од почетокот на годинава досега, цената на нафтата е зголемена за околу десет отсто. Паралелно расте и доларот. Надлежните во земјава велат дека ова се состојби на кои не може да се дејствува освен да се следат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…