Ќе следат ли нови инциденти: Србите повторно се собираат пред општините, КФОР и косовската полиција се околу зградите
Ноќта на северот на Косово помина мирно, по вчерашниот напад на насобраните Срби и конфликтот со косовската полиција и членовите на КФОР. Работниците на општина Звечан и денеска почнаа да се собираат за да бараат враќање на работните места, додека КФОР постави кордон, а зад нив стојат припадници на косовската полиција, јавува репортерот на Спутник.
Во текот на ноќта силите на КФОР беа и околу општинската зграда во Звечан, а припадници на косовската полиција, додека граѓаните најмногу се разотидоа.
КФОР вчера по многу инциденти го растури српскиот протест во Звечан. Двајца Срби се ранети од огнено оружје, еден од нив е во многу тешка состојба. На двете страни има повеќе од 50 повредени. Припадник на косовската единица РОСА со калашников пукал кон Србин кој е во тешка состојба.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера разговараше со претставници на ЕУ, а денеска ќе разговара со амбасадорите на Квинта, Русија и Кина.
Вучиќ синоќа изјави дека со месеци предупредувал дека премиерот на Косово, Албин Курти има една желба – да доведе до крвопролевање во целиот регион и дека малкумина слушнале и разбрале што се случува на Косово.
Вучиќ ги повика Србите на северот на Косово да не се судираат со НАТО.
Претседателот на Србија изјави дека и покрај гаранциите, КФОР не ги заштитил Србите и не го спречил незаконското преземање на општините на северот на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…