Ќе служат ли нотарските изјави како потпалок? Доаѓа време Мицкоски и пратениците да го покажат патриотизмот: Ковачевски верува дека уставни измени ќе се случат!

t

Скринингот со Европската Унија тече како што и беше планиран, и пред нас сега се уставните измени, што ќе се најдат пред македонското Собрание и пред нашите 120 пратеници. Јасно ми е дека нивната одлука нема да е лесна, но очекувам дека ќе покажат државничко однесување, порачува премиерот Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

-Она што е јасно е дека тие имаат избор да остават да биде се така како што било и да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но јас искрено верувам и уверен сум, дека тие ќе бидат на ниво на задачата и ќе донесат одлука за да овозможат подобра иднина и за нас и за нашите деца. Пратениците се сепак и пред сѐ претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да живеат во земја-членка на ЕУ. Сакаат да сме полноправна членка. Не само заради членството само по себе, туку заради подобар животен стандард, заради подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, и владеење на демократија. Граѓаните сакаат подобар живот по европски стандарди, затоа што сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат иднината, оценува тој.

Како што кажа и Ковачевски, останува да видиме каков патриот ќе биде Мицкоски, дали патриот каков што очекува народот или “европски” патриот кој ќе ја жртвува народната волја за сопствен спас?!

Досега во јавноста неколку пати лидери на политичи партии, членови на Владата и коалициони партии на власта истакнаа дека мнозинството е обезбедено и дека уставни измени и внесување на Бугарите во македонскиот Устав ќе има.

Мицкоски веќе неколку пати го смени неговиот став за уставните измени, најпрво беше категорично против, па кажа дека “под овие услови уставни измени нема да има”, се потпишуваа нотарски изјави на пратеници кои просечен правник, дури и недипломиран студент знае дека се правно неиздржани и можат да послужат евентуално како добар потпалок за нечиј оган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…

Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) СДСМ: Учениците граматика ќе учеле од…

ДПМНЕ и министерката Јаневска по само два…

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…