Објавено на:

Ќе тера горивото и до 200 денари?! ЕУ воведе дополнителни санкции за Русија – увозот на руска нафта целосно суспендиран

t

Путин мора да плати висока цена за својата брутална агресија, порача претседателката на Европската Комисија Фон Дер Лајен, презентирајќи го шестиот, досега најтежок пакет санкции кон Русија.

Новите мерки предвидуваат најдоцна за шест месеци, Европската Унија целосно да го забрани извозот на руска сирова нафта и на нафтени производи и до крајот на годината да стане целосно независна од руската нафта, бензин и дизел.

-Ова ќе биде целосна забрана за увозот на целата руска нафта, поморска, цевководна, сирова и рафинирана. Ќе се погрижиме постепено да ја исфрлиме руската нафта на уреден начин, на начин што ни овозможува нам и на нашите партнери да обезбедиме алтернативни патишта за снабдување и да го минимизираме влијанието врз глобалните пазари. Така ќе го максимизираме притисокот врз Русија, а во исто време, ќе ја минимизираме колатералната штета за нас и нашите партнери во светот. , изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на ЕК.

Но, усвојувањето на пакетот санкции кој треба да биде усвоен од сите земји членки, очигледно нема да оди мазно. Крајно зависните од рускиот гас, Унгарија и Словачка се заканија со вето, и покрај тоа што се изземени од останатите и им е даден период од плус една година можност да се снабдуваат со руска нафта.

Унгарската влада веќе реагираше дека од сегашните предлози не гледаат никакви гаранции за својата енергетска безбедност, а негодуваше и чешкиот министер за трговија дека планот на Брисел не вклучува механизам за поделба на товарот и заедничка набавка од други извори.

Денешниот предложен пакет санкции предвидува и исклучување на најголемата руска банка Сбербанк и уште две банки од глобалниот СВИФТ систем за меѓународни трансакции, како и исклучување од сите мрежи во ЕУ за три главни државни радиодифузери.

-Ги идентификувавме овие ТВ канали како гласноговорници, кои агресивно ги засилуваат лагите и пропагандата на Путин. Не треба повеќе да им даваме сцена да ги шират овие лаги. , изјави Фон Дер Лајен.

Попладнево со реакција се огласи и Кремљ. Портапаролот Песков посочи дека новите санкции ќе ги чинат граѓаните на западните земји висока цена, која ќе расте секој ден. Од почетокот на инвазијата на Украина, Унијата ѝ плати на Русија повеќе од 47 милијарди евра за гас и нафта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…