Ќе ја прифати ли Македонија? EMA официјално прeпорача нова бустер доза на Фајзер

t

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорача бустер вакцината против варијантата омикрон на коронавирусот БА. 4/5, неколку дена откако одобри две вакцини против постарата варијанта БА.1.

Станува збор за т.н двовалентна вакцина на Фајзер и Бионтек, која ги таргетира и BA. 4/5 и оригиналниот вид на коронавирус кој првпат се појави во Кина во декември 2019 година.

Додека постоечките вакцини обезбедуваат добра заштита од хоспитализација и смрт, со еволуцијата на вирусот, нивната ефикасност во заштитата од инфекција се намали. Претходно овој месец, EMA ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек и Модерна против варијантата БА. 1.

Европските власти во последниве месеци навестија дека прво треба да се користи вакцина против постарата варијанта БА. 1, имајќи предвид дека се доцни со развојот на оние кои конкретно ги таргетираат варијантите на omicron БА. 4/5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

ВМРО-ДПМНЕ денес слави четири години лаги со…

Арсовска: Во право е Кочоска, не нѐ…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска…

Трамп побара „безусловна капитулација“ од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп побара „безусловна капитулација“…

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…