Ѝ пукале во глава додека клечела – На лентата со која ѝ ја залепиле устата е пронајдена ДНК од еден од обвинетите!

t

Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски било извршено со огнено оружје, со калибар од 9 милиметри, произлегува од листата на докази кои обвинителството ги презентираше на денешното рочиште во Кривичниот суд.

Телото на починатиот Панче Жежовски е пронајдено во дупка со длабочина 2.7 метри и дијаметар 1.60, а во непосредна близина на дупката е пронајдена чаура, објасни обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

Телото на малолетната Вања Ѓорчевска е пронајдено во дупка со димензии 180 цм должина, околу 80 цм широчина и 60 цм длабочина. Во пределот на лицето на девојчето била пронајдена сребреносива самолеплива лената, на која по вештачењето е утвредено дека покрај ДНК од убиеното девојче има и траги од ДНК на уште едно лице, со голема веројатност дека тоа е ДНК на обвинетиот Велибор Манев.

Обвинетиот Палевски во неколку наврати истакна дека на лентата не е пронајдена ниту ДНК ниту папиларни траги од него.

Според вештачењата кои денеска ги наведе застапникот на обвинението, малолетното девојче било убиено со пукање од огнено оружје, веројатно девојчето било во положба на клечење, што се утврдува од трагите од кал на прстите од рацете на девојчето, како и од прострелната рана во пределот на главата. Убиецот стоел од десна страна, зад девојчето кое клечело, а пукано е од непосредна близина, според податоците од судска медицина отприлика на 50-60 сантиметри оддалеченост.

Во однос на информациите кои се појавија, дека девојчето било задушено, во наодот од судска медицина не постои такво тврдење.

Кон Панче Жежовски било пукано додека стоел, во пределот на главата, од левата кон десната слепоочница, појасни обвинителката.

Во врска со казнената евиденција на обвинетите, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски не се претходно осудувани, додека Палевски има прекршочна пресуда поради носење на оружје, за кое, како што истакна самиот, во пресудата е нагласено дека поседува дозвола за оружјето меѓутоа во моментот кога бил запрен од полициски службеници не ја носел и не ја приложил дозволата.

Во листата на докази Обвинителството ги наведе и психијатриските вештањења за сите обвинети, од кои за обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев се наведува дека во моментот на преземањето на дејствијата биле свесни за стореното, како и з апоследиците, односно биле пресметливи.

Застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, додека претседател на судечкиот совет е судијата Ивица Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѝ пукале во глава додека клечела –…

Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…

Продолжува судењето за убиството на Вања и…

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…

Туфегџиќ: Таткото нема поврзаност со убиството на…

Александар Ѓорчевски нема никаква поврзаност со убиството…

Се огласи Албанецот осомничен за убиството на…

Артан Хајризи негираше дека е вмешан во…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…