Џабе беше послушен: Изгласана интерпелацијата за Коцевски
Собранието ја прифати иницијативата на пратеничката група на Левица и ја изгласа интерпелацијата на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски. Од 102 регистрирани пратеници, 70 пратеници гласаа „За“ без ниту еден против или воздржан.
Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител се основани. Оттаму, заклучокот од Собранието се доставува до Владата и лично Коцевски. Јавниот обвинител не присуствуваше на собраниската седница.
Законот за јавно обвинителство пропишува дека има неколку „патишта“ по кои може да се отпочне процедура за предвремено разрешување на државниот јавен обвинител. Освен што треба да постои тешка дисциплинска повреда или членство во партија, сите модуси за разрешување предвидуваат дека и Советот на јавни обвинители треба да даде мислење за таква иницијатива.
Уште во февруари, Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.
Според Законот за јавно обвинителство, републичкиот обвинител го избира и разрешува Собранието, а го предлага Владата од оние кандидати за кои добила позитивно мислење од Советот на јавни обвинители. Мандатот на републичкиот обвинител трае шест години.
Коцевски на функцијата државен јавен обвинител дојде на 13 февруари 2024 година. Претходно на ова место беше Љубомир Јовески, чиј шестгодишен мандат истече на 25 декември 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Џабе беше послушен: Изгласана интерпелацијата за Коцевски
Собранието ја прифати иницијативата на пратеничката група…
ЕУ ќе инвестира 17 милијарди во инфраструктурата,…
Тенковите на НАТО не може да поминат…
Ангелов: Моментално нема потреба за помош од…
Понудена помош за гасење на шумските пожари…
Скандалозни измени на Законот за полиција: Полицаец…
Денеска во Собранието пред пратениците меѓу другите,…
СДСМ ја напушти салата и нема да…
СДСМ попладнево ја напушти салата и соопшти…