Џабе и Јанис – Грција немоќна: Германија им одржа лекција на јужните соседи!
Германија закажа полуфинале на Евробаскетот со Шпанија, откако денеска домаќинот ја разнесе Грција во второто денешно четвртфинале и славеше убедливо со 107-96.
Џабе на јужните соседи и Јанис Адетокумпо, еден од најдобрите играчи во НБА и неговите 31 поен со седум скока и осум асистенции, кога немаше преголема поддршка од соиграчите, а Грците осиграа и слаба одбрана, па Германија сѐ искористи максимално и со серијата од 20-1 на почетокот од третиот период го скршија противникот и исчекорија кон победата.
После полувремето кое личеше на НБА-меч со преку сто поени, Грците успеаа да заминат на пауза со плус четири (61-57), ама прескапо го платија стартот на третата четвртина во која дадоа едвај еден поен, а примија 20, па Германија негативата од четири ја претвори во позитива од плус 15 (77-62) и сѐ потоа беше претешко за Грците да се вратат.
Се обидоа во последниот период нешто да направат, но само се спуштија на едноцифрена негатива од девет поени и откако Германија ја врати двоцифрената предност, јужните соседи се предадоа, а Германците одидоа и преку 20 поени разлика во завршницата – плус 22 (105-83).
Денис Шредер со 26 поени и осум асистенции ја предводеше Германија, но имаше голема поддршка од Обст и Вагнер кои погодија по 19 поени, а Тајс и Тиман погодија по 13 со 16 скока односно 10 поени. Ларенцакис со 18 поени и Дорси со 13 беа единствени покрај Јанис со двоцифрен ефект.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…