Џабе и Јанис – Грција немоќна: Германија им одржа лекција на јужните соседи!
Германија закажа полуфинале на Евробаскетот со Шпанија, откако денеска домаќинот ја разнесе Грција во второто денешно четвртфинале и славеше убедливо со 107-96.
Џабе на јужните соседи и Јанис Адетокумпо, еден од најдобрите играчи во НБА и неговите 31 поен со седум скока и осум асистенции, кога немаше преголема поддршка од соиграчите, а Грците осиграа и слаба одбрана, па Германија сѐ искористи максимално и со серијата од 20-1 на почетокот од третиот период го скршија противникот и исчекорија кон победата.
После полувремето кое личеше на НБА-меч со преку сто поени, Грците успеаа да заминат на пауза со плус четири (61-57), ама прескапо го платија стартот на третата четвртина во која дадоа едвај еден поен, а примија 20, па Германија негативата од четири ја претвори во позитива од плус 15 (77-62) и сѐ потоа беше претешко за Грците да се вратат.
Се обидоа во последниот период нешто да направат, но само се спуштија на едноцифрена негатива од девет поени и откако Германија ја врати двоцифрената предност, јужните соседи се предадоа, а Германците одидоа и преку 20 поени разлика во завршницата – плус 22 (105-83).
Денис Шредер со 26 поени и осум асистенции ја предводеше Германија, но имаше голема поддршка од Обст и Вагнер кои погодија по 19 поени, а Тајс и Тиман погодија по 13 со 16 скока односно 10 поени. Ларенцакис со 18 поени и Дорси со 13 беа единствени покрај Јанис со двоцифрен ефект.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска…
Нина Талеска од танцовото студио BREAK A…
Родителите на загинатите од Пулс гневни на…
КОЛКУ БЕЗЧУВСТВИТЕЛНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ВАКВА ИЗЈАВА…
Мицкоски: Очекуваме наскоро да почнат преговорите со…
Македонија очекува европските партнери да го вреднуваат…
НОВ ЦЕНОВЕН ШОК НА НАФТЕНИТЕ ПАЗАРИ: Брент…
Цената на суровата нафта од типот „брент“…
ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО…
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека пред евентуалните…