Џафери го брани Адеми: Не е во ред да викаме само по него
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, тврди дека не ја оправдува постапката на колегата Арбер Адеми во Комисијата за европски прашања, но вели дека станувало збор за испровоцирана постапка.
“Некој си седи на своето место и си ја работи работата, а некој му приоѓа да му пречи, тогаш е јасно кој и што поттикнува. Не оправдувам никого, но ако ја сакате општата слика, треба да гледате како целина како дошло до тоа. Не штитам никого. Не оправдувам таков потег. Но, не е во ред сите да викаме по него. Не затоа што е од ДУИ, туку не е во ред затоа што некој ја донесе таа ситуација. Никој не треба да реагира така, како што не треба да реагира опозицијата, не треба ниту власта. Испраќам порака дека ова не треба да се повтори и нема да се повтори освен ако некој не го иницира и не го испровоцира тоа.“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.
Седницата на комисијата која помина со тензии и насилство, беше проследена и со многу прекршувања на собраниската процедура и Деловникот при разгледувањето на Законот за работни односи за продолжување на мандатот на судиите и обвинителите за уште три години по заминувањето во старосна пензија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…
Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…
Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…
Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…