Џафери е убеден: Ќе добиеме датум за преговори во јуни

t

Во политичкиот дел на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската Амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување, Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и делегацијата од Собранието во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со Претседателката на Германскиот Бундестаг, г-ѓа Бербел Бас.

На средбата Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните 5 години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во насока на осaмoстојување на законодавната власт во Република Македонија и што и со оваа Студиска посета се покажа дека Бундестагот е подготвен да го поддржи заокружувањето на процесот на независност на Собранието.

Во однос на мултилатералната сорботка во рамки на НАТО алијансата, г -ѓа Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на Република Македонија на санкциите против Руската Федерација иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повтроно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата.

Во овој контекст Претседателот Џафери искажа увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори се за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конктерни прашања во врска со билатералниот спор.

Претседателот Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволливо е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор; дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината.

Соговорниците се согласија дека пријателите треба да разговараат директно и отворено, во насока на што, Претседателот Џафери упати покана за официјална посета на г – ѓа Бас на Република Македонија, која што со задоволство ја прифати и подвлече дека штом и дозволи календарот за работа на Бундестагот ќе се реализира посетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…

Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…

Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…

Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…

Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…

Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…