Џафери ни го честита празникот: Чест и обврска е да се негува наследството на Свети Климент Охридски
Претседателот на Собранието Талат Џафери на сите православни верници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, граѓани на Република Северна Македонија им го честита големиот христијанскиот празник Св. Климент Охридски, празник на основоположникот на црковниот живот во Република Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј.
-Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство. Затоа, обврска и чест е посветено да се негува тоа наследство, да се надгради и збогати со сета духовна и просветителска разноликост што е одлика на нашето општество. Просветлувањето на умот и издигнувањето над тесно градното гледање на светот е единствениот пат на обединувањето на граѓаните за напредокот на нашата заедничка држава, Република Македонија, напиша Џафери во честитката по повод празникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
ЏАФЕРИ: Ако партиите не обезбедат консензус, ќе…
Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека…
Џафери – Ву Таик: Потребно е отворање…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Џафери – Озогуз: Германија е силен поддржувач…
Претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери…
Средба на Џафери со претседателката на италијанскиот…
Соработката меѓу Италија и С. Македонија на…