Џафери открива дали ќе се кандидира за претседател на државата

t

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во емисијата „Клик плус“ одговори на прашањето дали има амбиции да се кандидира за претседател на државата на следните претседателски избори, закажани за следната пролет.

Тоа не е работа што човекот ќе ја посакува, туку работа на проценка. Лично немам амбиции за тоа бидејќи да мислите на нешто што не е остварливо…Тоа не може да биде. Ги гледам реално работите и не можам да очекувам во овие околности и момент, покрај кандидат Македонец, Талат да добие. Лично сум задоволен од својот ангажман за она што ми е доведено досега. Не за задоволстовто од позицијата, туку од одговорното однесување за обврската што сум ја земал. Мене не ми треба контрола на обврските што сум ги земал. Дисциплинирано си одам 40 години на она за што сум платен, рече меѓу другото Џафери во интервјуто.

За уставните измени, собранискиот спикер вели дека „никогаш не ги затворил вратите за ништо“ и дека е оптимист дека ќе се изгласаат. Џафери смета дека тие не се под бугарски диктат, како што тврди опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…