Џенифер Лопез: Бренд супер-ѕвезда
Светски икони – мода, филм, музика, стил(14.)
Џенифер Лопез: бренд супер-ѕвезда
Што да се каже за Џеј Ло, Џени од Бронкс?
Таа е доказ дека се исплати да се следат сопствените сништа. Потврда дека упорноста се исплаќа. Израсна во една од најсјајните ѕвезди во светот на филмот и музиката. Нејзиниот атрактивен изглед ретко кој го остава рамнодушен. Атрибутите кои и ги подарила природата умее вешто да ги спакува во слика која сака да и ја претстави на јавноста. Нејзиниот стил се развиваше со карактерот што го поседува и кариерата која самата ја менаџираше. Во почетокот преферираше предизвикувачки креации, кои повеќе откриваа, отколку што покриваа. Токму таа храброст да се претстави со тој стил и донесе статус на секс симбол. Инаку, е извонредна пеачка, страсна танчерка, убава глумица и манекенка со елегантна става. Дива во секој поглед. Препозналива како дама со гламур и сексипил. Позната е по своите прекари како што се “гитара“, поради обликот на телото, Џени и Џеј Ло поради гето задницата.
Таа е мега ѕвезда која без разлика на не/совршеноста на своето тело има илјадници и милиони обожаватели за кои Џени е богиња на сексипилноста. Во Холивуд се проби благодарејќи на фактот штое неодоливо привлечна, но и способна од своите музички спотови да направи вистински визуелни спектакли.Според Мајкл Левин, авторот на Брендиран свет (2003), Џенифер Лопез е “најголемиот бренд производ во забавната индустрија.” Од издавањето на нејзиниот прв албум “On The 6″ во 2000 год. таа израсна од она што Левин го нарекува “згодна пејачка-актерка” во познато име преку “многу внимателно водена кампања за брендирање.”
Таа ги искористи двете највисоки платформи на познатите “филмовите и музиката”, за да лансира мини империја врз основа на своето име. Ја основаше компанијата за облека Свитфејс Фешн Компани, која произведува облека со брендот Џеј Ло и има лансирано сопствени парфеми од кои првиот беше Џеј Ло Глоу, кој започна да се продава во 2002 год.
Иако направи некои катастрофални избори во својот љубовен живот и филмска кариера (избори кои се поврзани со нејзината улога во промашувањето Гигли покрај Бен Афлек), нејзиниот талент за маркетинг никогаш нема грешка. На пример, исто како што Гигли добиваше лоши критики во меѓународниот печат, таа се појавуваше на билборди низ целиот свет како новото лице на Луј Витон. Поврзувајќи се себе си со најпопуларниот луксузен бренд во светот, таа ги поттикна аспиративните квалитети на идентитетот на нејзиниот сопствен бренд. Ја следат озборувања дека на снимањата е размазена, поставува специјални услови, невидено е арогантна кон соработниците и помошниот персонал, но сепак и понатаму ја сакаат и обожаваат како секси дива. Сето ова е контрадикторно, но без разлика дали е вистинито или не Џеј Ло и понатаму заведува огромен број на фанови кои просто лудуваат по неа, нејзината неодолива насмевка, заводнички поглед и секси става.
Аспирацијата е во секој случај клучот за разбирање на моќта на брендот на Џеј Ло. Уште од нејзиното појавување на Греми наградите во зелениот Версаче фустан со разголен папок, за кој многу се дискутираше, таа стана една од најгламурозните икони на црвениот тепих склона кон публицитет. Има нешто мистериозно и привлечно во тој уличен “девојка од комшилукот” фазон. Можеби е нејзината непосредност и приступачност!? Голем број од фановите поради нејзиниот восхитувачки изглед ја доживуваат како топла, блиска, искрена и непосредна, способна да парира на сите познати и елегантни манекенки кои на модните писти се движат како газели.
Меѓутоа, моќта на Џенифер Лопез не е во тоа што таа е едноставно гламурозна, туку тоа што нуди пат кон гламурот. Таа беше многу успешна во користењето на својата музичка и филмска кариера за да го нагласи своето патување од тешкото детство поминато во Бронкс до блескавиот меур на позната личност во кој живее сега. Насловот на нејзиниот прв албум “On The 6″ се однесуваше на автобусот со број 6 на кој се возела за да излезе од Бронкс. Еден сингл од еден подоцнежен албум ја етаблираше како “Џени од соседството” со кој им кажа на обожавателите “Знам од каде доаѓам.” Нејзината улога од приказните во филмскиот хит Слугинката во Менхетен инспириран од Пепелашка, исто така го отсликуваше нејзиниот сопствен живот, бидејќи глумеше сиромашна работничка од Бронкс која на крајот наоѓа љубов и многу пари. Како и повеќето успешни брендови, таа создаде приказна околу нејзиното сопствено име. Поради нејзините проблематични врски со познати личности како Бен Афлек и Пи Диди (сам по себе феноменален бренд), приказната е постојана и останува интересна.
Брендовите како Кока-Кола и МекДоналдс постојано треба да копнеат по емотивна привлечност и интерес од медиумите. Со “бренд -личност” како Лопез тоа веќе претставува составен дел. Како Кока-Кола, таа исто така има универзална привлечност. Ова е така поради тоа што изгледа дека таа постојано опчекорува два света. Секогаш, во смисол на брендови, се наоѓа помеѓу улиците на Бронкс и црвените килими на Холивуд. Како прва вистински глобална супер ѕвезда, таа е тирето во Латино-американското, врската помеѓу двете култури.Бидејќи никогаш не била обележана како “пејачка, актерка, танчер, моден дизајнер или деловна жена”, таа задржува некаква мистерија, и покрај нејзината изложеност на масивните медиуми. Џенифер ја брендираше приказната на Џенифер Лопез, која е всушност старата приказна за американскиот сон, за вербата во себе и аспирацијата и при тоа ја замати линијата помеѓу нејзиниот реален живот и личноста на една супер ѕвезда. Како таква, нејзините обожаватели знаат многу за неа, но никогаш не можат да знаат доволно.Како пример за млади жени таа е феноменално моќен бренд, бидејќи луѓето кои купуваат фармерки Џеј Ло или го носат нејзиниот парфем исто така ја купуваат и самата приказна за Џенифер Лопез. Тие можеби самите никогаш нема да можат да станат супер ѕвезди, но со купувањето на нејзините производи, тие можат да се чувствуваат како да споделуваат мал дел од нејзиниот успех, така што се снабдуваат со него.
Тајни на успехот на Џеј Ло
Порака. Џенифер Лопез има јасна порака на бренд која се состои од инспирација и аспирација, бренд кој привлекува млади жени, алфа фраери, малцинства и секој кој сонува да стане суперѕвезда.
Аспирација. Џенифер Лопез го одржа својот бренд аспиративен преку нејзините поврзувања со луксузни брендови како Луј Вуитон.
Факторот „помеѓу“. Бидејќи Џенифер Лопез има идентитет кој лебди помеѓу пејачка и актерка, Бронкс и Холивуд, позната личност и реалност, таа не може да се означи. Ова значи дека луѓето можат да ги проектираат своите аспирации на неа, аспирации кои можат да ги насочат преку купување на самиот бренд Џенифер Лопез.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден Стpaтег, една Струмичка Барбика и немopaлна…
Колумната е кратка приказна за селските и…