„Џеј Пи Морган“: Царините на Трамп драстично ги зголемија шансите за глобална рецесија
Инвестициската банка „Џеј Пи Морган“ пред денешното отворање на американските берзи соопшти дека сега ги проценува шансите за влегување на глобалната економија во рецесија до крајот на годината на 60 отсто, пренесоа американските медиуми.
Овој потег на влијателната банка, кој доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп неделава воведе високи царини на увозот на стоки од 60 земји во САД и практично започна глобална трговска војна, е значително зголемување во однос на претходната проценка на овие изгледи од 40 отсто, која „Џеј Пи Морган“ ја презентираше на 12 март.
– Дестабилизирачките политики на САД со месеци се препознаваат како најголем ризик за глобалната перспектива, изјави Брус Касман, главен економист и раководител на глобалните економски истражувања во „Џеј Пи Морган“, во изјава за „Блумберг“.
„Најновите вести за царините на администрацијата на Трамп само ги зајакнуваат нашите стравови бидејќи американската трговска политика се развива во насока што е значително понеповолна за деловниот сектор отколку што очекувавме, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…
Голем пад на рејтингот на Трамп
Од март оваа година актуелниот претседател на…
Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…
Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…
Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…
Католичката црква е позната по строгите правила…