Објавено на:

Џонсон: НАТО ја признава Русија како светска сила

t

НАТО не негува анимозитет кон рускиот народ, ниту го доведува во прашање статусот на Русија како светска сила, изјави премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон во текст за „Њујорк Тајмс“.

„Ние немаме непријателство кон рускиот народ и немаме желба да ја оспоруваме големата нација и светска сила“, наведува Џонсон, истакнувајќи дека „Украина нема сериозни изгледи за членство во НАТО во блиска иднина“.

Британскиот премиер наведува дека руската инвазија врз Украина не е конфликт со НАТО и дека тоа нема да се случи.

„Ниту еден сојузник не испрати борбени трупи во Украина“, вели британскиот премиер.

Британската престолнина во вторник, на 8 март, ќе биде домаќин на лидерите на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои ќе учествуваат на специјален состанок со Џонсон, а ќе биде посветен на ситуацијата во Украина

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…