Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра поради нејзините лажни порно фотографии
Италијанската премиерка Џорџа Мелони на 2 јули ќе сведочи пред судот за случајот што го покрена против двајца мажи обвинети за создавање и објавување лажни порнографски фотографии користејќи го нејзиното лице на интернет, објавија италијанските медиуми.
Мелони, која е оштетена во случајот, бара отштета од 100.000 евра.
„Таа ќе ја донира сумата во фондот на Министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство“, изјави нејзината адвокатка Марија Џулија Маронџу.
Во 2020 година, поштенски работници ги идентификуваа таткото и синот кои ги поставиле лажните фотографии на порно-страница со седиште во САД, а податоците биле проследени на еден од нивните мобилни телефони.
Во тоа време Мелони сè уште не беше премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“.
Адвокатката рече дека каква и да е отштетата ќе биде „симболична“. Таа изрази надеж дека одлуката на Мелони да поднесе тужба испраќа порака до жените кои се жртви на такво злоставување да не се плашат да поднесуваат жалби. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…
-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…