10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието на РМ

t

Собранието ќе потроши 10 милиони денари за авиобилети. Ова може да се види од податоците достапни во електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки.

Според податоците кои се достапни, Собранието склучило договор со две компании, од вкупно седум понудувачи. Компаниите ќе треба да испорачуваат билети на барање на Собранието и притоа да внимаваат да ја изберат најекономичната и најбрзата опција за патување.

Рамковната спогодба се склучува во времетраење од две години.

Во договорот е предвидена висина на надоместок, меѓутоа само за билети од економска класа, а вкупната вредност на рамковната спогодба е 10 милиони денари, без ДДВ.

Како што се наведува во договорот, Собранието нема обврска да ја реализира во целост вредноста на рамковната спогодба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…

Се одржува седница на Собранието на град…

10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…

Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…

(Цел список на трошаџиите) А да го…

Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар…

И Левица нема да ги поддржи интерпелациите…

Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите…

38 вработени во Агенцијата за супервизија на…

Ова го има само во Македонија... 38…