11 од 12 приведени возачи немале положено возачки испит: МВР со нова акција
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 11 управувале возило без положен возачки испит и тоа: С.И.(24), Ф.Б.(24), Б.М.(21), Д.С.(20) и С.Р.(36) од Скопје, С.Ф.(30) од Зелениково, Џ.У.(34) од село во општина Чашка, О.Ф.(41) од крушевско, Ф.В.(24) и Д.М.(31) од Куманово и кумановско. Додека, С.А.(34) од кичевско возел без возачка дозвола и со брзина од 100 км на час на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 40 км на час.
Од слобода е лишен и А.С.(37) од село во општина Илинден бидејќи возел под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопшти МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвуваат план за употреба на „мајката…
Белата куќа подготвува планови за можна употреба…
Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…
Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…