11 месеци не земале плата! Вработените во перална на Клинички оставени на милост и немилост – Никој не го решава проблемот!

t

11 месеци сум без плата, Клинички ни ја зема работата, се пере вешот во приватна перална во Сарај. Бевме кај министерот, ни ветија дека ќе се среди, ништо нема од тоа, велат денес во изјава за медиумите вработени во пералната на Клинички.

Статусот на луѓето не е решен поради тоа што има приватна компанија со која Клиничкиот центар има склучено договор.

Ова не е првпат вработените во перална да не земат плата со месеци.

Пералната е дел од Јавното приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија во здравството. „СкопСтер“ ја презеде обврската за управување со неа од јануари 2024 година, заедно со сите затекнати вработени.

– Сите клиники беа тука, сите се разболевме тука се переше сѐ, се боревме за пациентите, нас ни скршен денар не ни дадоа за Ковид. 12 месеци регрес не ни е давано, тортури имаше, две колешки дадоа оставка, луѓе со кредити со сѐ. Мене пред инфаркт ме донесоа. Со болна жена сум, најлоша дијагноза има, не можам на лекар да ја однесам сите сме без здравство. Сите знаат во каква состојба е Скопстер, ама нѐ дадоа, знаеле дека немаат профит, немаат работа, што нѐ дале таму џабе? Немаа пари ни машини да направат, за еден штраф ја оставија машината да пропадне, ние сами си ги правевме машините. – вели еден од вработените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…

Општина Центар ја заврши првата фаза од…

Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…

Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…

Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени…

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на…

Вонредна седница за свлечиштето на Водно бара…

Советничката група на Левица во Општина Центар…

80-годишен скопјанец нападнат во маркет во Центар

Синоќа околу 21:05 часот, 80-годишниот В.П. од…