13 лица уапсени во Грција за измама со земјоделски субвенции од ЕУ, осомничени дека добиле над 2,5 милиони евра
Грчката полиција спроведува операција во регионите на градовите Козани и Агринио за измами поврзани со европските земјоделски субвенции. За време на операцијата, наводно, се уапсени 13 лица, за кои постои сомневање дека нелегално користеле над 2,5 милиони евра.
Акцијата ја спроведува Одделот за борба против економски криминал во рамките на Дирекцијата за борба против организиран криминал, со цел разбивање на криминална организација вклучена во измами на штета на финансиските интереси на Европската Унија и во давање лажни изјави.
Меѓу уапсените се еден менаџер и еден вработен во Центар за прием на апликации, додека истрагата опфаќа вкупно 39 лица.
Грчката полиција објави дека се проценува дека нелегалната финансиска добивка надминува 2,5 милиони евра, а откриени се и даночни прекршоци.
Минатата недела, во контекст на истиот скандал со европските земјоделски субвенции, во две одделни операции во Солун, Кукуш, Серес, Атина и делови од островот Крит, беа уапсени 39 лица за нелегални бенефиции поголеми од 7 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
13 лица уапсени во Грција за измама…
Грчката полиција спроведува операција во регионите на…
Политико: До 560.000 работни места во ЕУ…
Европската комисија предупредува дека земјите од ЕУ…
Британскиот министер за финансии: Неизбежно е повторното…
Британскиот министер за финансии го нарече враќањето…
Ни Мерц ниту Пријателите на Балканот немаат…
Во македонската јавност очигледно јак впечаток остави…
СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени…
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно…