СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните

t

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, директно му порача на Христијан Мицкоски дека уставните измени се единствениот начин за формално започнување на пристапните преговорите со ЕУ. „Ништо повеќе“. Еве уште еден јасен доказ за она што СДСМ го повторува месеци наназад, реагираат од опозициската СДСМ.

„Мицкоски повеќе не смее да им ги мачка очите на граѓаните. ЕУ нема никакви дополнителни услови, нема ниту дополнителни гаранции. Има само еден услов – уставни измени, внесување на малцинствата во Уставот. Сè друго беше лага и одвлекување на вниманието. Распишете референдум веднаш! Граѓаните сами нека одлучат дали сакаат европска иднина или изолација и криминал. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петров: Изборот на Филипче за претседател на…

Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…