13-годишно девојче завршило во болница, ја натепале таткото и брат ѝ
13-годишно девојче завршило во радовишката болница со повреди откако била претепана со соствениот татко и брат.
– На 20.07.2025 година во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш дека кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесетгодишна малолетничка од радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А., соопштија од полицијата.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.
Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
13-годишно девојче завршило во болница, ја натепале…
13-годишно девојче завршило во радовишката болница со…
Жерновски бара барем еден доказ дека соработува…
Откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини Андреј Жерновски дека…
67 убиени Палестинци додека чекале хуманитарна помош…
Група гладни луѓе беа убиени во израелски…
Апсење на дипломат и рекордна заплена на…
На границата помеѓу Бугарија и Турција беше…
Детали за трагедијата во Охрид: Пронајдено безживотно…
Вечерва, нешто пред 20 часот, кај рампата…