14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ – 400 ЕВРА ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА НАРОДОТ

t

Во држава во која минималната плата едвај достигнува 400 ЕУР, а јавните политики постојано се правдаат со „недостаток на средства“, пратениците само во една година потрошиле 14.369.470 денари за патни трошоци. Станува збор за износ кој јасно ја разоткрива изопачената хиерархија на приоритети – за комфорот на елитата секогаш има пари, но за основните потреби на граѓаните континуирано нема, реагираат од политичката партија Левица откако Инфомакс ги објави сумите потрошени за патни трошоци за пратениците во 2025 година.

– Со оваа сума би можело да се реконструираат и опремат училишни кабинети, да се набават медицински апарати за регионални болници што со години работат без или со застарена опрема, да се финансираат јавни кујни за илјадници сиромашни семејства во текот на цела зима, да се субвенционираат градинките за коишто градоначалниците на ДПМНЕ ги зголемија надоместоците на товар на граѓаните.

Наместо тоа, 14 милиони завршија во систем на патни надоместоци кој одамна не служи за покривање реални трошоци, туку како дополнителен извор на лични приходи.

Апсурдот станува уште поочигледен ако се направи директна споредба со социјалните политики што државата одбива да ги финансира. Истата таа држава не субвенционира меѓуградски превоз за студентите, кои секојдневно патуваат на сопствен трошок за да можат да студираат. Истата таа власт го одби и амандманот на Левица за субвенции за кирии за жени жртви на семејно насилство, оставајќи ги без институционална поддршка во најкритичните моменти од нивниот живот.

Но, додека за студентските билети и за безбедниот кров над глава на жртвите на насилство „нема пари“, за пратеничките кирии од по 400 ЕУР месечно и за патните трошоци секогаш има. Има пратеници кои истовремено наплаќаат и кирии и патни трошоци. Има и такви кои поседуваат сопствени станови во Скопје, а сепак земаат патни надоместоци.

Буџетот се користи како штит за привилегираните, а како изговор за најранливите. Пари има за удобноста на функционерите, но не и за мобилноста на студентите и за елементарната сигурност на жените жртви на насилство.

Во ваков амбиент на двојни стандарди, принципиелноста станува јасен политички маркер, а Левица останува единствената парламентарна партија чии пратеници не земаат ниту денар за патни трошоци, гориво, патарини, амортизација, ниту пак за кирии.

Додека владејачката структура предводена од ДПМНЕ и Мицкоски го одржува системот на расипнички бенефиции, граѓаните со минимална плата од 400 ЕУР и со отсутна социјална поддршка плаќаат двојна цена – прво преку буџетот што се троши за туѓ комфор, и второ преку државата што им свртува грб кога им е најпотребна.

Податоци за сите пратеници прочитајте во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

14,3 МИЛИОНИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ…

Во држава во која минималната плата едвај…

СДСМ: Владата на Мицкоски наместо кон интеграција…

Актуелната влада на премиерот Мицкоски наместо кон…

Лукаревска: Нови 20 милиони евра задолжување додека…

Нема пари, задолжувањето оди во опасна насока.…

Левица ќе оди на лидерската средба организирана…

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција информираше…

Левица предлага укинување на Регулаторната комисија за…

Пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ,…