15-годишно момче донесено во болница без знаци на живот откако паднало по скали, потоа се случило чудо
15-годишно момче од Гостивар било донесено во болница без знаци на живот, откако паднало по скали во својот дом. Благодарение на интервенцијата на лекарите, момчето било успешно реанимирано, по што итно било пренесено во Скопје.
Според информациите од полицијата, во 12:00 часот во Полициската станица Гостивар, од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив било донесено 15-годишно момче без знаци на живот.
Според пријавеното, малолетникот се лизнал и паднал по скалите во семејниот дом во Гостивар.
По приемот во болницата, медицинскиот персонал извршил реанимација, по што момчето повторно покажало знаци на живот.
Поради сериозноста на состојбата, со возило на Итната медицинска помош било транспортирано во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
За случајот е известен јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
Возач на тротинет удри во пензионерка во…
МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…
Кривична за двајца вработени во Брза помош…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…