15-годишно девојче се обидело да се самоубие поради насилство од таткото: Скопското обвинителство ќе го гони за загрозување на сигурноста
Скопјанец долго време вршел семејство насилство врз сопругата и двете деца, по што неговата 15-годишна ќерка се обидела да се самоубие.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него за кривичното дело Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.
„Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ги малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, сè додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и притисокот од таткото, се обидела да си го одземе животот“, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост кои вклучуваат: забрана на осомничениот да го напушти живеалиштето, обврска да се јавува во судот, привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување или воспоставување контакти или врски со оштетените и забрана за посетување на локациите каде тие се движат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно девојче се обидело да се самоубие…
Скопјанец долго време вршел семејство насилство врз…
САД и Иран преговараат во Швајцарија: Тензии…
Во Швајцарија започнаа директни преговори меѓу Соединетите…
Вучевиќ: Немаат аргументи против резултатите, па удираат…
Претседателот на Српската напредна странка (СНС) и…
Трамп му се закани на Иран: Ако…
Американскиот претседател Доналд Трамп упати нова закана…
Млад возач на скутер заврши со тешки…
Млад возач на скутер е тешко повреден…