Вучевиќ: Немаат аргументи против резултатите, па удираат по Вучиќ, патријархот и народот
Претседателот на Српската напредна странка (СНС) и советник на претседателот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека нападите врз српскиот претседател Александар Вучиќ не се насочени кон еден човек, туку кон политиката на независна Србија и правото на српскиот народ да ги зачува своето име, вера, историја и иднина.
„Србија ќе продолжи да победува со вредна работа, резултати и вистина. Србија победува“, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа „Икс“, реагирајќи на, како што наведе, обвинувањата упатени кон Република Србија, Српската православна црква, претседателот Вучиќ и српскиот народ од страна на Миловој Бешлин, Вукашин Милиќевиќ, Един Омерчиќ и Иван Ејуб Костиќ.
Според Вучевиќ, кога неговите политички противници немаат аргументи против постигнатите резултати, тогаш започнуваат, како што рече, „најмонструозните навреди“ кон претседателот Вучиќ, патријархот и сè што го претставува српскиот народ.
„И тоа само затоа што не успеаја да спроведат обоена револуција, да ја урнат Србија, да ја понижат, да ѝ наметнат колективна вина и да ја означат како геноциден народ. Затоа денес бесно го напаѓаат секој што се бори за Србија“, порача Вучевиќ.
Тој оцени дека Вучиќ е персонификација на слободарската и суверена политика која, според него, ја води Србија по патот на самостојното одлучување, економскиот развој и националната гордост.
„Благодарение на неговата политика, Србија денес има углед, сила и меѓународна позиција каква што никогаш немала во својата современа државност“, истакна Вучевиќ, додавајќи дека Србија денес е почитувана и на Запад и на Исток и е способна самостојно да носи одлуки во интерес на своите граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…
Денес се празнуваат Светите славни Четириесет Битолски…
Bо времето кога Османлиите го освоиле градот…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува…