154.408 РАБОТНИЦИ ВО ДЛАБОКА СИРОМАШТИЈА, ИМААТ ПЛАТА ПОД 30.000 ДЕНАРИ
154.408 работници имаат плата под 30.000 денари и имаат огромна причина да протестираат за зголемување на минималната плата, објавија денес од Сојузот на Синдикати на Македонија.
Во продолжение нивната објава на Фејсбук.
– Според податоците од Управата за јавни приходи во Македонија бројот работници кои примаат плата изнесува 503.031.
Прагот на сиромаштија во Македонија изнесува 31.200 денари, а 1/3 од работниците во Македонија живеат со примања под прагот на сиромаштија, односно работат, а се сиромашни !
Борбата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата значи директно зголемување на платите на овие 154.408 работници кои имаат огромна причина да се борат за зголемување на нивната плата и да излезат на протест.
Ги повикуваме сите работници, нивните најблиски, ги повикуваме и овие 154.408 работници да се придружат на протестот кој ќе започне на 14 Март, во 12.05 ч, од пред Работничкиот дом во Скопје и кој ќе продолжи пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
ССМ излегува да се бори за зголемување на работничките плати, а работниците треба да излезат да се борат за својата плата затоа што зголемувањето на минималната плата значи зголемување на сите останати плати! – велат од ССМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
154.408 РАБОТНИЦИ ВО ДЛАБОКА СИРОМАШТИЈА, ИМААТ ПЛАТА…
154.408 работници имаат плата под 30.000 денари…
Трендафилов: На 14 март повторно на улица,…
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,…
Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС по…
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија…
Европската конфедерација на синдикати: Силно стоиме зад…
Европската конфедерација на синдикати изрази целосна солидарност…
ССМ утре на блокада пред Влада
Сојузот на синдикатите утре ќе ја реализира…