Европската конфедерација на синдикати: Силно стоиме зад ССМ
Европската конфедерација на синдикати изрази целосна солидарност и силна поддршка за Сојузот на синдикатите на Македонија, неговото раководство и членството, во писмо упатено до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, соопштија денеска од Сојузот на Синдикатите.
„Како членка на Европската Конфедерација на Синдикати (ETUC), ССМ е важен дел од Европското синдикално движење. Внимателно ги следиме случувањата кои ги пријавивте и сме сериозно загрижени од извештајот за притисоци и напади насочени кон ССМ и неговите синдикални лидери и синдикални претставници.
Вашите напори и заложби за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се целосно легитимни и се од големо значење. Тие ги одразуваат реалните потреби на работниците кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот и зголемена економска несигурност.
Вашето залагање за пристојни услови за живот и работа е во сржта на синдикалното дејствување и е цврсто засновано на меѓународните и Европските стандарди на трудот.“, пишуваат од Европската конфедерација на синдикати.
Оттаму изразуваат сериозна загриженост поради пријавените притисоци, напади, лично таргетирање и заплашување на синдикалните лидери и нивните семејства, оценувајќи ги ваквите дејствија како неприфатливи и спротивни на демократските принципи.
„Слободата на здружување, колективното договарање и правото на преземање синдикална акција, активности и чекори, вклучително и штрајк, се фундаментални права заштитени со Конвенциите на МОТ и Европските инструменти за човекови права. Овие права мора да се почитуваат и во Законите и во праксата.“, додаваат од ETUC.
Европската конфедерација на синдикати порачува дека цврсто стои зад ССМ и ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и, по потреба, да реагира на европско ниво, се наведува во пораката потпишана од генералната секретарка Естер Линч и конфедералната секретарка Теа Јарц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ССМ: Минималната синдикална кошница за месец октомври…
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…