16-годишен насилник натепал врсник во трговски центар во Аеродром, настрадал и минувач кој ги двоел
16-годишно момче, кое имало тврд предмет, вчера нападнало врсник во трговски центар во скопската општина Аеродром, а му се нафрлило и на 25-годишен минувач кој се обидел да ги раздвои, соопшти МВР.
„Вчера во 13:50 часот во СВР Скопје, 36-годишната М.Б. од Скопје пријавила дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот пред продажно место во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од друг 16-годишен малолетник, кој употребил тврд предмет, а потоа го нападнал и М.Д.(25) од Скопје, кој го бранел нападнатиот малолетник“, велат од полицијата.
Случајот го пријавил и нападнатиот 25-годишен минувач.
„На 17.05.2026 во 11:45 часот, М.Д.(25) од Скопје пријави дека на 16.05.2026 околу 22:30 часот во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од 16-годишник, додека бранел друг малолетник. За настанот е известен јавен обвинител за малолетници“, пишува во полициското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
16-годишен насилник натепал врсник во трговски центар…
16-годишно момче, кое имало тврд предмет, вчера…
Дали Венко Филипче ќе оди на концертот…
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, нема…
МВР се огласи: Еве колку лица се…
Жестока тепачка се случи денеска на протестот…
(Фото) Паника во Белата куќа, се појавија…
Огромен рој пчели се појави на северниот…
ВЛЕН: ДУИ 20 години манипулираше со употребата…
2 Прес-конференција на ВЛЕН: Денешниот протест заврши,…