ВЛЕН: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик
2
Прес-конференција на ВЛЕН:
Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик.
Денес сме тука затоа што вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.
Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели.
Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.
Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен.
Почитувани студенти, Ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен.
Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.
Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на ВЛЕН. Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на АЛБАНСКИ ЈАЗИК.
Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт.
Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце?
Уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката”. Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира.
Ова прашање не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.
Студентите се наши деца.
Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од ВЛЕН и дека неговото решение е многу блиску.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДУИ 20 години манипулираше со употребата…
2 Прес-конференција на ВЛЕН: Денешниот протест заврши,…
Заев нема никакво влијание во СДСМ –…
Претседателот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, во…
Како би можела да изгледа американска воена…
Куба ги обвини Соединетите Американски Држави дека…
Шамари, боксови, влечење по облека: по тепачка…
Полицијата уапси три лица на протестот за…
ИЕА предупредува: Светските залихи на нафта брзо…
Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА),…