18-годишник ги испраќал лажните дојави за бомби во Тетово

t

На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.

Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-годишник ги испраќал лажните дојави за бомби…

На 27.02.2026 во 09:10 часот во с.Палатица,…

И денес дојави за бомби во основните…

Утрово дојави за поставени бомби пристигнале во…

Дојави за бомби во училишта во Тетово

Речиси сите основни и средни училишта во…

16-годишник без возачка удрил во ормар на…

На 21.02.2026 година во 23.00 часот, на…

Пресретнале и грабнале човек во Тетово, му…

На 20.02.2026 година во СВР Тетово, З.И.(39)…