16-годишник без возачка удрил во ормар на ЕВН и се обидел да прегази полицајци во Тетово!
На 21.02.2026 година во 23.00 часот, на локалниот пат кон с. Сетоље, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 16- годишно малолетно лице од с. Слатино. При сообраќајна контрола било констатирано дека истиот управувал возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблички, без возачка дозвола. Претходно во с. Непроштено, истиот при обид за контрола од полициски службеници од ПО Теарце, со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот согласно член 297-а и член 288 од КЗ. Тој е задржан во полициска станица со се возилото и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички нападнати полицајци во Тетово!
На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…
Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг
Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…