18-годишник украл накит од 70-годишна жена во Скопје
Полицијата во Скопје расчисти случај на тешка кражба на дрзок начин, при што е лишен од слобода 18-годишен жител на Кочани.
Од МВР информираат дека на 9 август во 12:20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И., постапувајќи по претходна пријава за кражба.
Според пријавеното, 18-годишникот употребил физичка сила врз 70-годишна скопјанка, од која одзел личен накит.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесат пријава по итна постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ по член 236 став 3 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…