Објавено на:

18 годишник доби кривична пријава: Фрлал молотови коктели кон Собранието

t

Полицијата информира дека приведен е демонстрант кој повредил полицаец за време на протестот пред два дена и против него поднесена кривична пријава.

Денеска (07.07.2022) Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.

Имено, на 05.07.2022 година околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието на РМ.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

ЕКСКЛУЗИВНО! ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД…

Како дел од истрагата за трагедијата во…

Приведен криминалец од Арачиново баран со потерница

Денеска (26.05.2025) околу 13:35 часот во с.Арачиново,…

Истрага против 11 лица од кои седум…

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше…

Во „Бункер“ приведени четворица припадници на криминалната…

Врз основа на обезбедени докази во текот…