19 годишно момче – мета на пукањето во скопски Чаир, се трага по осомничениот кој е познат на полицијата
19 годишник од скопската населба Чаир е повреден откако во него вчеравечер било пукано од возило. Со четири прострелни рани повреденото момче било пренесено во старата градска болница „Свети Наум Охридски“, од каде информираат дека е во стабилна здравствена состојба.
Од МВР велат дека во повредениот било пукано од возило „пасат“ и дека полицијата трага по сторителот.
Кои се причините за пукањето истражува и обвинителството, но неофицијално постојат повеќе сценарија. Според информации до кои дојде 24, можно е продолжение на претходна епизода на престрелки или нерасчистени должнички односи, а зачудува и фактот што пукањето се случило на фреквентна крстосница и во период кога имало густ сообраќај.
Инаку, ова е втор пат за еден месец млад човек да биде жртва, во септември исто така од пукање беше повредено уште едно младо момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…