20-годишен радовишанец прегазил малолетник и избегал
20-годишен Радовишанец вчера попладне со возило „ауди“ удрил во малолетнен пешак на улица во градот и побегнал од местот на несреќата, информира МВР.
-Патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(20) од Радовиш вчера во 14:00 часот на улицата „Калузлиска“ во Радовиш удрило во малолетен пешак од Радовиш, по што возачот со возилото напуштил местото на настанот, но бил пронајден од полициски службеници.
Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во…
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го…