Над 200 млади кои славеле во Белград се вратиле зapaзени со омикрон во Словенија

t

Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна (НЛЗОХ) соопшти дека меѓу нивните позитивни ПЦР тестови, уделот на омикрон е веќе 63 проценти
Сојот омикрон стана доминантен во Словенија и главно се шири локално, но има и повеќе увезени случаи кај млади кои за Нова Година биле во Белград.

Меѓу речиси 900 млади луѓе кои ги прославиле новогодишните празници во Белград во организација на словенечка туристичка агенција, досега се потврдени 200 случаи на зараза, а повеќето од тие инфекции се поврзани со варијантата омикрон, изјави Нушка Чакш Јагер од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), пренесе Хина.

Според податоците на две словенечки лаборатории овластени за анализа на заразени примероци, во Словенија во последните денови доминантна е варијантата омикрон.

Националната лабораторија за здравје, животна средина и храна (НЛЗОХ) соопшти дека меѓу нивните позитивни ПЦР тестови, уделот на омикрон е веќе 63 проценти.

Учеството на омикрон е уште поголемо во мострите анализирани на Институтот за микробиологија и имунологија (ИМИ) и изнесува 82 отсто, потврдил директорот на таа институција Мирослав Петровец.

Според словенечките медиуми, најголемиот број потврдени случаи со омикрон е резултат на локално пренесување кај населението, а повеќето заразени наведуваат дека не знаат каде се заразиле или дека се работи за веројатно семејна инфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На вчерашниот протест во Белград имало…

Врз основа на достапните снимки и фотографии,…

УБИСТВО во Белград: Убиен е 27 годишник,…

Никола Станковиќ (27) е убиениот во пукањето…

Белград ѝ се заблагодари на Грција за…

Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ…

Градоначалникот на Белград најави: Бесплатен јавен превоз…

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека…

Фајон: Словенија и Германија подготвија нон-пејпер, да…

Словенија и Германија подготвија нон-пејпер во кој…