21 лице приведено на вчерашниот натпревар меѓу Шкупи и Левски: Повредениот Бугарин е во стабилна состојба
МВР доцна синоќа информираше дека во врска со фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Шкупи од Скопје и ФК Левски од Софија Република Бугарија приведени се 19 навивачи од Република Бугарија, поради нарушување на јавниот ред и мир, пред и за време на натпреварот.
Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив.
По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Околу полноќ полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода и двајца навивачи на навивачката група на ФК Шкупи, кои го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.
И тие се приведени и ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.
Во врска со физичкиот напад врз четирите бугарски државјани, за кој во 18.38 часот е пријавено дека се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет до кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди, по преземени мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите и се расчистува случајот, по што ќе бидат поднесени пријави.
Повредениот Д.А. бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски олимпиец заедно со Македонец и Црногорец…
Бугарскиот олимписки шампион во кревање тегови Галабин…
(Видео) „Кобрите“ во последен момент го спречија:…
На социјалните мрежи се шират видеа од…
Тројца навивачи избодени во Германија: Напаѓачот ги…
Тројца навивачи беа избодени со нож во…
Две малолетни деца останаа без мајка –…
Трагично заврши семејната расправија меѓу бугарски пар…
Бугарин пријавил личен доход од 70 милиони…
927 Бугари лани пријавиле приход од над…