Битола не спиеше: Навивачите до зори ја славеа шампионската титула
Во Битола изминатата вечер не се спиеше, навивачите до раните утрински часови ја прославуваа титулата освоена со победата во Скопје против Вардар од 30-32. На Вардар му беше доволен и бод на свој терен, но сепак Еурофарм Пелистер славеше победа и така започна едно големо славје.
Титулата за битолскиот клуб е трета во низа и вкупно деветта во клупската историја. Ракометарите со автобусот во Битола пристигнуваа околу еден часот по полноќ, па се славеше до зори.
Исто така за вечерва е најавена прослава од 20:00 часот пред Платото на Офицерскиот дом. Се очекува да се соберат неколку илјади фанови на битолскиот клуб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро,…
Во тек е спасувачка акција на повредено…
Ренџери и полицајци три часа низ мрак…
Ренџери од Националниот парк „Пелистер“ и полицајци…
(Видео) Срничка нападната од куче спасена на…
Вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија…
ГОЛЕМ ГЕСТ НА ПЕЛИСТЕР: Се појавија со…
Фудбалскиот клуб Пелистер упати искрено сочувство до…
Официјално: Лино Червар ќе го враќа Пелистер…
Екипата на Пелистер и официјално ја отвори…