21-годишен штипјанец паднал од автомобил во движење, завршил со тешки повреди
Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. (21), исто така од Штип.
Во инцидентот, 21-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Штип.
Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а СВР Штип презема мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Епископот Партениј служеше архиерејска Литургија во древниот…
Во древното светилиште посветено на светиот архангел…
21-годишен штипјанец паднал од автомобил во движење,…
Дваесет и едногодишен жител на Штип се…
Запленети 2,6 тони кокаин вреден 500 милиони…
Италијанската финансиска полиција соопшти дека запленила повеќе…
Зеленски се правда: Ги сменив Федоров и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се…
Турција испраќа ловци Ф-16 во мисијата на…
Воздухопловните сили на Турција повторно ќе учествуваат…