Епископот Партениј служеше архиерејска Литургија во древниот Манастир кај Долни Дримкол
Во древното светилиште посветено на светиот архангел Гаврил, во месноста Манастирец во Долни Дримкол, кое е метох на Бигорскиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија по повод празникот Собор на светиот архангел Гаврил.
Литургијата се одржа меѓу остатоците од некогашниот манастирски храм, а со неа чиноначалствуваше епископот Антаниски Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, во сослужение со свештенослужители од Бигорското братство, како и со протопрезвитерот Александар Димовски, отец Љупчо Симиџиоски од Охрид и отец Миле Ангелкоски од Дебар.

На богослужбата присуствуваа бројни верници од повеќе краишта на земјата, кои се собраа во древниот Манастирец за заедничка молитва и одбележување на празникот.
Во својата беседа, епископот Партениј истакна дека вистинскиот храм не се само ѕидовите, туку пред сè човечките срца исполнети со вера, покајание, благодарност и љубов. Тој нагласи дека и местата кои со текот на времето биле разрушени можат повторно да оживеат преку литургискиот живот и молитвата.
По завршувањето на светата Литургија беше организирана културно-уметничка програма во која настапија членовите на ансамблот „Свети Јоаникиј Ракотински“ од Скопје, кои со песни и ора придонесоа за празничната атмосфера.

Организаторите упатија благодарност до сите добротвори, спонзори, свештенослужители, учесници и верници кои придонеле за одбележувањето на празникот и за продолжување на духовниот живот во древниот Манастирец, кој и денес останува значајно место за молитва и собирање на верниот народ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…