Објавено на:

217.533 ЗА ВМРО-ДПМНЕ, 90.151 ЗА ДУИ, 73.922 ЗА СДСМ НА ОБРАБОТЕНИ 60% ОД ГЛАСОВИТЕ

t

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 60% од избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 217.533 гласови, Европски фронт на ДУИ 90.151, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 73.893, а Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 73.922.

Лавица има 35.615, Движење ЗНАМ – За наша Македонија 26.494. Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

Во Првата изборна единица има 313.183 гласачи, во Втората 321.087, во Третата 275.034, во Четвртата 278.721, во Петата 310.216 и во Шестата изборна единица 317.109 гласачи.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Ова се 11-ти парламентарни избори од независноста на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…