25-годишник од Крива Паланка загина во сообраќајка кај Старо Нагоричане
На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица, кривопаланечко, информираа од полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25-годишник од Крива Паланка загина во сообраќајка…
На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР…
Прегазена 69-годишна жена во Скопје, возачот избегал…
На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР…
Тешка сообраќајка: Изгореа камион и кола кај…
Сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје утрово е во…
Сообраќајка на патот Маврови Анови – Дебар,…
На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР…
Пијани охриѓани без возачка предизвикале сообраќајка –…
Кривична пријава и одземени возила на возачи…