26-годишна жена е тешко повредена откако со „ауди“ излетала од пат
26-годишна жена е потешко повредена, а уште две лица полесно во сообраќајка на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар.
– На 16.08.2023 во 04.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на с.Видрани, Т.Б.С.(26) од с.Другово, кичевско, управувајќи патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото излетала од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Општата болница во Кичево, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците В.В.(19) и С.С.(34), двајцата од Кичево, соопштија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се пишмани шефицата на американското разузнавање: Иран…
Ситуацијата на глобално ниво станува сè понапната!…
Tрагедија во Скопје: Двајца најдени мртви во…
Црн ден за главниот град – во…
Еве за што е уапсен началникот за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат,…
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)…
Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би…
Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси…