УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат, не смееме да дозволиме нова бегалска криза
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска повика на итна деескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, велејќи дека војната веќе ги принудува локалните населенија во двете земји да ги напуштат ранливите области. Интензивноста на нападите како што велат оттаму, веќе предизвика популацијата да се преселува од едно на друго место во двете држави.
Пријавени се селења во Техеран и други делови од Иран, дел од луѓето преминуваат во соседните држави, а бомбардирањето предизвика луѓето во Израел да бараат засолниште на други локации кои некогаш се надвор од Израел, велат оттаму.
УНХЦР ги повикува државите во регионот да го почитуваат правото на луѓето да бараат безбедност и да им помогнат до хуманитарен пристап на тие што се погодени. Агенцијата повикува и во Иран и во Израел цивилната инфраструктура да не биде напаѓана.
Овој регион веќе помина премногу војна, загуба и раселување, не можеме да дозволиме нова бегалска криза. Време е да се де-ескалира ова веднаш. Кога ќе се принудат луѓето да бегаат нема брз начин да се вратат и последиците често траат со генерации, рече Филипо Гранди висок комесар за бегалци.
Секој следен ден во ескалација, може да предизвика дополнителни хуманитарни потреби во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Нетанјаху тврди дека има „индикации“ за можни…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека постојат…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…