26-годишник од Виница уапсен за малтретирање на вереницата, ја снимал како ја принудува на секс
26-годишен жител на Виница и приредил пекол на неговата 20-годишна невенчана сопруга во семејниот дом. Недоразбирањето што го имале, минало во физички напад и принуда на полов однос од кој направил и експлицитни снимки, соопшти СВР Штип.
Случајот е пријавен во полиција која го лишила од слобода.
– На 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А. (26) од Виница, затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20-годишна сопруга, ја принудил на полови дејствија, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.
Со случајот е запознат и јавен обвинител и по целосно документирање против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…